Од Министерството за внатрешни работи потсетуваат дека заклучно со 12 февруари 2024 година, сите сопственици на возила што сè уште имаат регистарски таблички со МК-ознака мора да извршат промена и да си набават таблички со ознаката НМК.
Значи, сами ќе си плаќаме за промена на табличките од МК во НМК, а за тоа не мора да се чека регистрација, туку може да се направи во било кој момент, но не покасно од 12 февруари следната година.
За промената на табличките спремете си 1.400 денари.
Промена на ознаката на регистарските таблички од МК во НМК произлезе од преспанскиот договор, што земјава го потпиша со Грција во јуни 2018 година.