Увезената кинеска стока во иднина Аргентина наместо во американски долари ќе ја плаќа во кинески јуани, најави аргентинскиот министер за економија Серхио Маса.
– Заедно со кинескиот амбасадор Зоу Ксиаоли и кинеските претприемачи, започнуваме размена со Народна Република Кина, што ќе ни овозможи увозот од оваа земја да го платиме во јуани, со кои ќе размениме 1,04 милијарди долари во април и 790 милиони долари од мај, објави Маса на Твитер.
Извозот на Аргентина е намален за 15 милијарди долари поради „најлошата суша во историјата на земјата“, истакна Маса.
– Тоа ни постави предизвикувачка задача да одржуваме резерви за да го одржиме нивото на увоз на материјали и стоки, објасни Маса.
Тој додава дека преминот кон јуанот во трговијата со Кина ќе обезбеди „повеќе слобода за Аргентина и „ќе ги зајакне нејзините резерви“.
Во ноември лани, претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез рече дека Кина се согласила да ја прошири трговијата со Аргентина на 5 милијарди долари.