Аргентина само 1:1 со Исланд, Меси промаши пенал

/ 16.06.2018

 

Еден од главните претенденти за освојување на трофејот на Светското првенство во Русија, Аргентина, го започна со реми учеството на Мундијалот 2018.

Во првиот натпревар од групата „Д“, „гаучосите“ не успеаја да го победат дебитантот Исланд, откако мечот заврши 1:1.

Голем „грешник“ на тимот беше Лионел Меси. Ѕвездата на Барселона беше најактивен за неговиот тим, но промаши пенал во средината на вториот дел. Тоа беше четврто промашување за него од белата точка од неговите последни седум обиди.

Резултатот го отвори Серхио Агуеро во 19-тата, но само четири минути подоцна изедначи Алфред Финбогасон.

Во следниот круг на 21 јуни, Аргентина ќе се состане со Хрватска, а следниот ден ќе играат Нигерија и Исланд.


Од истата категорија