Аргентина го освои првиот трофеј на големите натпреварувања по пауза од 28 години, совладувајќи го Бразил со 1:0 (1:0) во синоќешното финале на Копа Америка на стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро.
Голот на одлука го постигна Анхел Ди Марија во 22 минута.
Бразил во второто полувреме, кое донесе возбудлив фудбал, тргна во целосна офанзива, но ниту со пет напаѓачи на теренот не успеа да ја анулира предноста на противникот.
Победата и ја донесе вкупно 15-та титула на Аргентина на Копа Америка со што Гаучосите се израмнија со Уругвај.
Најдобар стрелец на завршниот турнир со четири голови е аргентинскиот капитен Лионел Меси, кој, воедно, го освои својот прв трофеј во репрезентативната кариера.