Кон селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли за време и по завршувањето на синоќешниот натпревар со Хрватска, од трибините каде што беа сместени аргентинските навивачи беа искажувани навредливи зборови, а полета и едно шише со вода.
Незадоволни од дебаклот на својата репрезентација, навивачите на Аргентина пееја навредливи песни и плукаа во насока на селекторот.
Сампаоли подоцна ја презема одговорноста за поразот.
По два натпревари Аргентина има само еден бод и е на прагот на елиминација уште по групната фаза на Мундијалот во Русија