За неговите реконструкции тој користи 3Д печатени черепи направени според оригиналот, а за едно дело му се потребни и до 200 часа. Погледнете неколку од неговите реконструкции што овозможуваат да ѕирнете во минатото.
Неолит
Оваа реконструкција е направена со скелетна анализа и го претставува лицето на 25 до 40-годишен маж кој живеел пред околу 5.500 години.
Кралицата од Хуармеј
Во 2012-та година, полските археолози откриле гробница во Перу. Гробницата била големо откритие за археолозите бидејќи била недопрена. Во неа се наоѓале остатоците од 58 жени благороднички на различна возраст, заедно со многу накит.
Една жена, која била наречена Кралицата од Хурамеј, била со значително повеќе накит и била погребана со сребрен пехар, бакарна церемонијална секира и скап текстил. Во тој период, текстилот бил повреден и од среброто и златото поради макотрпниот процес на изработка. Понекогаш биле потребни и 2 до 3 генерации за да се исткае.
Млад убав маж кој живеел во 8 век пред нашата ера
Млад и убав човек од Швајцарија, кој живеел во 8 век пред нашата ера. Неговиот скелет покажува неухранетост и хронични инфекции. Но, наспроти ова, тој имал здрави, рамномерни и убави заби, што е ретко за тоа време. Затоа тој е насмеан.
Жена од каменото време кое живеела пред околу 5.500 години
Оваа девојка умрела на 20 години и бил погребана со бебе на нејзините гради. Најверојатно, причината за смртта било тешкото породување. ДНК-та не е добро сочувана, но според другите гробници од тој период, се верува дека луѓето кои во тој период живееле во Брајтон, Велика Британија, не биле бели. Нивната кожа била слична како на модерните луѓе во Северна Африка.
Жена–неандерталец
Оваа жена живеела пред околу 45.000 години, а нејзините останки биле откриени во 1848-ма година во Гибралтар. За оваа реконструкција, археологот изјавил:
„Се прашував колку ‘човечки’ треба да изгледа. Сепак, неандерталците не биле хомосапиенс, но дојдов до заклучок дека би требало да има ‘човечки’ поглед. Според неодамнешните истражувања, Европејците делат околу 2-4% од нивната ДНК со неандерталците, па веројатно личеле многу на нас.“
Викинг
Овој маж кој наводно бил шведски Викинг, живеел на почетокот на 11-тиот век. За прв пат за реконструкција на Викинг биле собрани доволно ДНК податоци, па сега се знае дека мажот имал црвена коса, сини очи и светла кожа. Умрел на 45-годишна возраст.
Маж од железното време во Британија
Коските на мажот укажуваат дека живеел пред околу 2.400 години, но и дека имал добар живот. Бил силен и здрав, но како повеќето луѓе од тој период, умрел навистина рано – на возраст од 24 до 31 година.
Тинејџерка која живеела пред 9.000 години
7.000 пред нашата ера живеела 18-годишната Авги. Остатоците се пронајдени во денешна Грција, а девојката сведочела на историскиот момент кога општествата почнале со технолошки изуми и ја започнале револуцијата во агрикултурата.
Маж кој живеел пред 3.700 години во бронзеното време
Скелетот на овој маж покажал докази за неухранетост и анемија. Најверојатно умрел на возраст од околу 25 до 25 години.
Маж од Британија од ерата на Саксонците
Овој маж умрел на околу 45-годишна возраст. Поради постојан апсцес, изгубил многу од неговите заби, како и дел од горната вилица. На неговото тело имало и траги од повреди кои укажуваат на насилство. Можеби мажот бил војник.