Поранешниот српски репрезентативец и кошаркарска ѕвезда од НБА лигата, Предраг Стојаковиќ, ги изненади своите фанови со фотографиите што ги објави.

Тој на социјалните мрежи објави повеќе фотографии на кои се гледа со стадо овци или извршува земјоделски работи. Со тој гест за кратко време собра илјадници лајкови од неговите следбеници кои коментираат со одушевување за потегот.

Стојаковиќ е еден од најдобрите европски играчи во историјата, светски и европски шампион, НБА првак, прв стрелец во Евролигата, трикратен НБА „ол стар“ играч итн.

– Луѓето од градот ова не го разбираат, напиша Стојаковиќ во појаснувањето на фотографиите што ги објави.