Утрово од Археолошкиот музеј е тргнат натписот „Археолошки музеј на Македонија“, а наместо тоа отсега ќе пишува „Археолошки музеј на Cеверна Македонија“.
Една од реакциите на овој потег на Владата на Заев доаѓа од Рашела Мизрахи, која напиша:
„Со промена на името на Музејот сега сигурно ќе се вработат 60000 невработени граѓани, ќе се зголемат платите, ќе се изгаснат пожарите, ќе се реши здравствената криза, ќе ни се избришат долговите кои ги направи Владата, инвестициите ќе нѐ преплават, потрошувачката кошничка ќе падне за 50%, пензиите ќе се зголемат, младите ќе сакаат да останат…
Талибанците не се единствени што уништуваат споменици тоа го прави Владата во Скопје. Ова нема врска со здравиот разум, но има врска со болната потреба на Заев да го плука и понижува народот.
Сето ова се одлични услови за Заевистан да прими ново цивилно население од Авганистан. Преплашено, разочарано, понижено, тажно население. Претпоставувам за да одговара на локалното.
Господине Заев,
Само уште да ни кажете со што ќе го раните, каде ќе го сместите и каде ќе го вработите тоа цивилно население кога народот на Македонија гладува и живее во мизерија и беда!?
Добредојдовте во Заевистан!
Овде секој нов ден, е ново дно на г. Заев!
Обидете се да се чувствувате како дома, и ние се обидуваме!“.