Тим археолози од полскиот Универзитет Јагиелонијан соопшти дека можеби пронашле „влез во подземниот свет“ од Маите, заедно со наоди за принесување човечки жртви.

Наоѓалиштето е откриено на местото каде што се одиграла последната битка меѓу древните Маи и Шпанците во езерото Петен Ица во Гватемала.

Предводничката на тимот, Магдалена Крземиен тврди дека водата имала посебно симболично значење во митологијата на Маите. – Тие верувале дека тоа е врата кон подземјето, светот на смртта – Сибалба, каде што живеат нивните богови, рече таа.

Еден од артефактите, односно предметите кои Маите ги спуштале во езерото како дар за боговите, е посебен нож што најверојатно се користел за убивање на луѓето.

Пронајдени  се и керамички предмети, како и делови од камени скулптури, што најверојатно укажува на конечното уништување на цивилизацијата на Маите, нагласуваат научниците.