Денеска времето во Република Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Утрото студено, а преку денот потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната температура од 10 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до 19 степени.

Во наредните два дена ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи, а во сабота ќе настапи преодно стабилизирање со повисоки дневни температури. Од недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност, која ќе предизвика нестабилно време со пообилни врнежи од дожд и појава на грмежи.