Фудбалерите на Арсими вчера со 3-1 го победија Осогово, но многу поважно од резултатот беше начинот на кој тимот од Кочани беше пречекан на овој натпревар.
Арсими им одржа вистинска лекција на навивачите на Шкендија дека нема национална поделба кога ќе се случат големи несреќи и дека сите луѓе во оваа земја треба да бидеме солидарни и да сочувствуваме со семејствата на настраданите.
Не само што беше испочитувана вообичаената минута молк, туку Арсими направи и специјален транспарент за да даде почит за жртвите од Кочани.