Речиси еден милион денари ќе потроши градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за спроведување анкета на јавното мислење, забележа „24 инфо“. Според информациите објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки, Град Скопје пред два дена, на 10 октомври, склучил договор со Институтот за политички истражувања Скопје вреден 987.000 денари за спроведување на седум квантитативни истражувања на јавното мислење.
Што ќе бидат темите на истражувањата, во Договорот не е наведено.