Новинарот Фуркан Салиу ја соочи директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова со огромни суми кои таа ги добивала  како директорка и доктор.

Според тоа што се слуша на видеото Софијанова добивала над 3000 евра месечно од клиниката од кои 190 000 денари се надомест за дежурства на кои според Салиу таа не била на работа, односно за кои Салиу бараше да се изврши увид во видео камерите за да се види дали била присутна во деновивите кога се заведени дежурставата.

Кога Салиу и ги подава документите издадени од Клиниката што ја води таа му се заканува
Притоа таа признава дека се работи за оригинални документи од клиниката и бара новинарот да и ги даде имињатана тие што ги откриле документите за медиумот.

Според видеото Софијанова земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата.

Салиу на Твитер се пожали и дека Софијанова се јавувала кај неговите родителите за да не се објавува прилогот.

Видеото со Софијанова не остана без реакции и од спротивен карактер. Една од нив вели:

„Го гледав видеото на новинарот Фуркан Салиу со Софијанова. Супер е што открил такви работи и што направил прилог за тоа.
Е сега Фуркан Салиу нека направи прилог за сите вработени по рамковен кои 20 години земаат плата а не одат на работа, и не само што не одат на работа туку и не знаат каде се вработени.“

Во друга реакција се истакнува:

Лесно е на Софијанова да и се покаже сила. Оди на некој Албанец директор истото направи го