Мерките кои што ги воведуваат Зоран Заев и Венко Филипче се класичен фашизам, истакна на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот од прес-конференцијата го објавуваме интегрално, како и видеото.
Никој не смее никому да ограничува право на движење и живеење, само затоа што така им текнало на Зоран Заев и Венко Филипче.
Настрана од се, ние повторно апелираме граѓаните да се вакцинираат за да се заштитат себеси од корона вирусот, но не може по ниедна цена Зоран Заев и Венко Филипче да ги дискриминираат и на еден фашизоиден начин да ги третираат оние луѓе кои што не се вакцинирани.
Новите мерки на Владата се класично лудило народски кажано, само вакцинираните смеат да живеат нормално, а оние кои што прележале корона вирус и имаат доволно антитела или пак оние кои што немаат примено вакцина, не смеат да живеат нормално како другите односно вакцинираните граѓани.
Фашистичка Влада која што се движи кон нејзиниот крај.
Од прв ден на појавување на корона вирусот во Република Македонија, па се до денес, секоја една мерка што ја воведе Владата е промашена и неефикасна, и тоа се виде на дело и за тоа имаме 5.500 починати од корона вирусот, и урнисан економски систем.
Системот одамна не функционира со оваа Влада. Граѓаните одамна се оставени сами на себе. А, нефункционални мерки од типот – само вакцинираните смеат да живеат ја води државата кон нова пропаст. Оваа Влада нема никаква идеја за справување со корона вирусот, но имаат стотици идеи за дискриминирање на граѓаните.
Секој, ама баш секој еден граѓанин во Република Македонија има право на избор и тоа право на избор не може и не само што не може, не смее да му го одземе ниту Зоран Заев, ниту Венко Филипче.
И повторно апелираме, граѓаните да требаат да се вакцинираат и да се заштитат, бидејќи никој нема да ги заштити друг, но исто така апелираме и до Владата и до Венко Филипче како совесен доктор, ако е совесен доктор, како Зоран Заев ако е совесен премиер, а не е, да не ги дискриминираат граѓаните, да не ги дискриминираат и оние кои што имаат доволно антитела, а не се вакцинирани или оние што воопшто не се вакцинирани.
Фашизоидните политики секогаш воделе кон пропаст.