Интензивно продолжуваат подготовките за теренскиот попис, што ќе се спроведе во септември оваа година, информира портпаролот на Владата, Душко Арсовски на денешната прес-конференција.
– Пописот во септември ќе се спроведе според највисоките статистички стандарди, нагласи Арсовски.
Тој додаде дека Владата е убедена оти сите чинители и граѓаните ја сфаќаат важноста од оваа операција, особено што државата има модерен закон и методологија што гарантираат дека пребројувањето на населението ќе биде според сите највисоки стандарди.
Арсовски соопшти дека конкурсот на попишувачи и инструктори ќе биде објавен на 20 јули, а ќе трае до 5 август. Аплицирањето ќе се одвива онлајн на веб страната за попис. Процесот на тестирање и избор и објавувањето на конечните листи на избрани кандидати се очекува да заврши до 15 август.