Разрешувањето на директорот на Пошта, Јани Макрадули, е поради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите, изјави денеска на прес-конфренеција владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање.
– Владата му препорача на надзорниот одбор на Пошта на С. Македонија да го разреши Јани Макрадули заради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите на менаџментот, одговори Арсовски.
На прашање на ТВ21, дали разрешувањето на Макрадули има некаква врска со случајот на поранешниот секретар на Влада Мухамед Зекири, Арсовски истакна дека може само да го повтори истото што го кажал претходно.
Зекири е во притвор поради тоа што нарачал студија од речиси милион евра, а подоцна во медиумите излезе информација, која засега е непотврдена од Обвинителството, дека таа се однесува на можно приватизирање на АД Пошта.