Се подготвува еден од најбруталните, најбесрамните и најбескурпулозните грабежи на државен имот, односно на Република Македонија по принципот на старата школа на СДСМ како од 90тите години кога беа приватизирани над 600тини фирми во Република Македонија кои што беа имот на државата, ова денеска преку прес-конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
-Обезвредни државен имоти најпрво беа симнати буквално на 0 за потоа да може да дојде некој за багател да ги купи и да заработи милиони евра на грб на државата. Владата на СДСМ и криминалниот картел од Струмица кој што е на чело со премиерот во заминување Зоран Заев се подготвува да ја продаде АД Славија, односно да ја купи некој со нивни амин за багателна цена, далеку од онаа вредносната АД Славија која што има вредност со целиот свој имот, со сите свои објекти од над 20 милиони евра целата фирма, власта на СДСМ, власта на премиерот во заминување Зоран Заев сака да го продаде целиот тимот, целото земјиште, сите објекти на АД Славија и целата фирма АД Славија за 218.535 евра, односно 4285 акции по цена замислете од 51 евро по акција и тоа на само 2 дена пред новата година. Ова е лудило кое што го достигна врвот менаџиран од Зоран Заев и власта. Ајде сега да ја разгледаме целата постапка. Најпрвин, никаде, ама баш никаде Влада на Република Македонија нема направено нова проценка, согласно законските обврски од Бирото за судски вештачења, која што би ја нарачало нормално владата за да се утврди колку чини имотот, објектите и целата фирма АД Славија. За да се продаде државна фирма или АД треба да се направи проценка на имот, па потоа да се одреди цена колку би била една акција. Ниту директорот на АД Славија, ниту Владата, ниту Агенцијата за одземен имот не им текнало да направат проценка на имот. Зошто? Затоа што тие се соучесници и така им е наредено од мафијата на власт, за да може да ја купи власта АД Славија, односно блиски луѓе до власта бизнисмени за 218.535 евра, вели Арсовски.
Тој додава дека замислете имот, фирма, објекти кои чинат 20 милиони евра некој близок до Заеви да го купи само за 218 илјади евра. Ако се прави проценка со актуелна фактичка состојба, АД Славија ќе се увиди дека вреди повеќе од 20 милиони евра и кога ќе се одбие долгот којшто го има најверојатно според информациите од 4-5 милиони евра, сепак фирмата ќе вреди 15 милиони евра и тогаш една акција не би била 51 евро, туку би била неколку илјади евра.
-Замислете, само управната зграда ако ја погледнете, а сите ја знаат управната зграда до Универзитетот ФОН, ќе сфатите дека чини десетина милиони евра, само таа, а не пак целата фирма со сите свои пропратни објекти и имоти да чини 218 илјади евра. Еве уште еднаш огласот од Агенцијата за одземен имот, којшто го распишува за продажба на АД Славија по акција од 51 евро. Ова е брутален грабеж, ова е грабеж на граѓаните и ова е грабеж на државата. Власта во заминување сака за без пари да присвои имот од државата. Јавно го прашуваме и директорот на АД Славија, којшто според ова коешто го гледаме е соучесник, но и Владата на Република Македонија, дали и по чија насока од криминалниот картел, оваа продажба е подготвувана за да ја купи близок човек до Заеви? Кој треба да ја купи оваа фирма за 218 илјади евра? Вклучително, јавно повикуваме, дека оваа продажба не смее да се случи со вакво обезвреднување на имотот и мора веднаш да прекине. Срамота е што закажуваат продажба на државен имот за стотици пати пониска цена, само затоа што така им текнало и тоа на два дена пред Нова година. Не смее имотот на граѓаните да биде продаден за 100 пати помала сума на пари. Следниве денови ќе следуваат детали за целата оваа криминална постапка, ја поседуваме целата документација и соодветно ќе постапуваме до институциите и органите. Нека бидат свесни дека не може да ја раскичмуваат повторно Република Македонија како во 90-тите години кога над 200 илјади луѓе останаа без работа и кога над 600 фирми беа затворени, односно приграбени од СДСМ. Сега повторно со истите шеми. Затоа повикуваме и до медиумите и до институциите бурно да го следат процесот и она што е најважно да се сочува државниот имот за да не се продаде за ваква безвредна цена има и закони и прописи во оваа држава кои мора да се почитуваат, вели Арсовски.