Ја имаме најлицемерната Влада која што воопшто ја имала некоја држава. Наместо да земе еколошка такса од загадувачите кои што реално го загадуваат воздухот, таа зема директно од џебот на обичните граѓани.
Ова го истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција која ја пренесуваме во целост:
Зоран Заев и СДСМ сакаат по секоја цена дупките во буџет кои ги направија со криминал, тендери и партиски вработувања да ги покријат и пополнат единствено со пари кои треба да ги дадат граѓаните преку давачките, односно последното преку еколошката такса.
Еколошката такса од 4.13 денари за литар е покачување кое значи највисока еколошка такса која би ја плаќале граѓаните, споредено со сите европски земји.
Сите се свесни дека Македонија го има најголемиот буџет во историјата на Република Македонија, а најлоши економски резултати кои што ни ги презентира и носи оваа влада. Дупките во буџет од криминални тендери, СДСМ и Заев ги надополнуваат преку покачувања на еколошка такса за горива на самите горива, цени на струја, даноци и се останато.
За сметка на граѓаните, еколошка такса не плаќаат фирмите кои користат петрол кокс, а се 20 пати поголеми загадувачи од граѓаните, односно петрол коксот според експертските анализи е 20 пати поголем загадувач од обичното гориво. Така што граѓаните кои возат со своите автомобили не се толкави загадувачи и ова е само затоа што фирми блиски до Заеви, односно и нивни фирми кои се во нивна сопственост користат петрол кокс за функционирање. Не само еколошка такса, туку им беше укината и акцизата која што чинеше околу 45 до 50 евра по тон уште во 2019 година.
Ова е лицемерието на дело кое што го гледаме секојдневно.
За фамилијата на власт да се богати, граѓаните мора секојдневно да даваат такса и да плаќаат повисока такса и да осиромашуваат.
Затоа, ВМРО-ДПМНЕ на секој можен начин ќе го блокира ова штетно покачување на цените на горивата.