Американскиот Стејт Департмент денеска ги стави на црната листа Артан Груби, поранешен вицепремиер на Македонија, Енвер Беџети, судија во Апелационен суд во Македонија.

Ова се случува на Меѓународниот ден за борба против корупцијата и во пресрет на Денот на човековите права.

Стејт департментот како причина наведува дека тие се „вмешани во значителна корупција преку примање мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков“, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Еве што наведува стејт департментот:

„На Меѓународниот ден за борба против корупцијата и во пресрет на Денот на човековите права, Соединетите Држави ги преземаат следните активности за промовирање на одговорност за сторителите на корупција и злоупотреба на човековите права ширум светот.

ДЕЈСТВА ПРЕЗЕМЕНИ ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ ЗА КОРУПЦИЈА

С… Македонија

Артан Груби, поранешен вицепремиер на С… Македонија
Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд во С… Македонија

Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на С… Македонија и Контраразузнавање (УБК). Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби.“

На црната листа лани на 5 декември САД го ставија и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, а од претходно се Сергеј Самсоненко, Орце Камчев, Ратка Камчева, Сашо Мијалков, Никола Груевски и Рамиз Мерко.