Ахмети ако не постоеше ќе требаше да се измисли, а Алтернатива нема причини за грижи, вели првиот вицепремиер Артан Груби. Кажа дека неговиот партиски лидер Али Ахмети е еден од ретките национални личности, учесник во три војни и во сите револуционерни движења на нацијата во минатото.
Тој во интервју за Клан ТВ изјави дека е важно да се создаде голем проевропски политички фронт за соочување со антиевропските сили.
„Зошто сега Алтернатива би се откажала од власта поради каква било функција повеќе или помалку, кога повторно во прашање е проевропскиот процес? Како може да го напушти процесот на половина пат само поради една или две причини? Граѓаните гледаат и критикуваат дека во определен период заради еден министер или директор бил оштетен еден толку важен процес како што е интеграцијата на земјата во ЕУ”, рече Груби.
Сепак за тоа кои владини позиции ДУИ би ѝ ги отстапила на Алијанса, Груби не даде прецизен одговор.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вели дека преговорите кои се водат со Алијансата на Албанците (АА) за евентуален влез на партијата во Владата, се во фаза на почетни средби и нема ништо конкретно.