Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го предупреди раководството на клубот дека тимот ќе се приближи до врвот во пласманот во Премиер лигата само со сериозни инвестиции во составот.
„Топџиите“ се на 8-то место во пласманот, 9 бода од место во топ 4. Непостојаните игри на тимот досега оваа сезона, според Артета, се сериозна причина да се преземат мерки на трансфер пазарот за да се намали разликата до лидерите.
– Првите две екипи во пласманот се чини дека се далеку пред другите, но екипите под нив не седат мирно. Тие се обидуваат да го скратат растојанието. Ние, исто така, мора да се стремиме кон тоа, затоа што имаме многу простор за подобрување. Неизвесноста за тоа како ќе изгледа пазарот е сè уште голема. Ние се обидуваме да направиме различни планови со оглед на различните можни сценарија. Начинот на кој ја завршуваме сезоната ќе ги утврди и нашите финансиски можности за следната кампања. Она што е сигурно е дека не можеме да ја избришеме разликата ако ги продадеме нашите играчи и не ја засилиме екипата, изјави Артета.