Тренер на Арсенал, Микел Артета, по синоќешниот пораз од Астон Вила во 37. коло од првенството на Англија (0:1), истакна дека на екипата и недостасува свежина.
Според него, 10. место на неговиот тим на табелата е реално и ја одразува состојбата.
– Честитки до Астон Вила затоа што тие беа под голем притисок, и успеаја да победат, а ние немавме доволно свежина. Бевме навистина добри во некои сегменти, но не успеавме да ја испорачаме топката во шеснаесетникот. Емотивно и физички беше многу тешка недела, но видов тим што сакаше да се бори до крај. Не сум разочаран од ставот – знам на кое ниво сме во некои точки и каде треба да се подобриме понатаму, изјави Артета.
Арсенал за прв пат ќе заврши надвор од најдобрите шест во Премиер лигата.
-Мораме да го намалиме јазот со екипите од врвот. Целосно го поддржувам управувањето со клубот. Имам 100 % доверба и сакам навивачите да веруваат во она што го велам, додаде Артета.
Арсенал има шанса оваа сезона да дојде до трофеј во ФА Купот каде во финалето ќе игра со Челзи.