Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека дефанзивецот Алесио Ромањоли најверојатно ќе ги пропушти преостанати три натпревари оваа сезона.

Фудбалерот се повреди вчеравечер на натпреварот од 35. коло во Серија А против Сасуоло.

– Ромањоли има проблем со мускулите, кој речиси сигурно ќе го спречи да игра на сите преостанати натпревари. Многу ми е жал за оваа вест, затоа што игравме добро и Алесио играше секоја минута од сезоната со висок квалитет, соопшти Пиоли.