Раул ќе го преземе вториот тим на Реал Мадрид, пишува денеска „АС“.

Досега легендарниот напаѓач на „белите“ работеше во академијата на поранешниот европски клупски шампион.

Перспективите пред 41-годишниот Раул се еден ден да стане тренер на сениорскиот тим на Реал.

Раул играше за „кралевите“ помеѓу 1994 и 2010 година. Потоа тој го носеше дресот на Шалке, Њујорк Космос и Ал-Сад

Поранешниот напаѓач има 102 натпревари и 44 гола во дресот на шпанскиот национален тим