Сирискиот претседател Башар ал-Асад положи заклетва денеска за четвртиот седумгодишен мандат на церемонијата во претседателската палата во Дамаск.
Асад се заколна на верност кон уставот и Куранот во присуство на повеќе од 600 гости, вклучувајќи министри, бизнисмени, универзитетски претставници и новинари.
Изборите се одржаа на 26 мај, а Асад освои 95,1 процент од гласовите.
Сирија е во граѓанска војна веќе 10 години во која загинаа речиси половина милион луѓе.