Жителите на Чиле и делови од Аргентина денеска ќе бидат сведоци на целосно затемнување на Сонцето.
Природната појава ќе биде видлива прво над Тихиот Океан во 13:01 часот по локално време, а над брегот на Чиле – во 16:38 часот, соопшти чилеанскиот Астрономски центар.
Поклопувањето на Месечината и Сонцето ќе трае околу две минути.
Притоа, температурата ќе се спушти за три или четири Целзиусови степени.