Атанаско Тунески, некаков си експерт на СДСМ за енергетика, инаку доктор на технички науки, член е на Регулаторната комисија за енергетика од 26 јуни 2018 година.

Некои велат дека е старосват со Кочо Анѓушев, уште еден експерт по енергетика.

Атанаско Тунески

Но, од друга страна, извори во власта, поточно од владеачката СДСМ, велат и дека во кабинетот на Анѓушев работи извесна Ана Тунеска, магистер, како помлад соработник за поддршка за регионален развој и политики за земјоделие. Всушност, не велат изворите, туку така стои на официјалниот сајт за составот на кабинетот на Анѓушев. Но, истите додаваат дека Ана Тунеска е ќерка на Атанаско Тунески.

Ама тоа сигурно нема врска со вистината зашто Анѓушев не би си дозволил такво нешто. Плус, тој е во Владата на Заев во која нема непотизам, а ако го има за тоа е виновен Мицкоски, согласно денешното соопштение на СДСМ.

Така, што излегува дека Мицкоски ја вработил Ана Тунеска во кабинетот на Анѓушев веројатно не знаејќи за Атанаско Тунески и за нивните релации.