Сакам малку да ме остават на раат од интервјуа. Со пчелите си имам работа, порача денеска на прес-конференција преку видеоврска од Холивуд, ѕвездата од „Медена земја“, Атиџе Муратова.
Атиџе, која денеска на прес-конференцијата заедно со екипата на „Медена земја“ одговараше на новинарски прашања, вели дека ѝ се допаѓа Лос Анџелес, а најмногу му се радува на океанот.
– Супер си поминувам овде. Најмногу му се радував на океанот. Утре се враќам назад. Но, сакам малку да ме остават на раат. Си имам јас работа со пчелите, рече Муратова.