Група од десетина членови на анархистичката група Рубикон претпладнево упаднаа во Амбасадата на Швајцарија во Атина, фрлија летоци и си заминаа.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, поради инцидентот приведени се десет лица, додека одговорните од Амбасадата изјавија дека не сакаат приведените да бидат гонети.
Како што јави МИА, Рубикон на анархистички сајт објави дека упадот бил во знак на солидарност за уапсен анархист во Швајцарија.