Атлетико Мадрид ги совлада МЛС ѕвездите со 3:0 во контролна средба.
Жоао Феликс по паузата влезе како резерва и го постигна вториот гол, а во последните минути му асистираше на Диего Коста, кој го обликуваше успехот на „јорганџиите“. Во првото полувреме прецизен беше Маркос Љоренте.
Натпреварот во Орландо беше одложен за скоро 40 минути поради лошото време. И покрај силниот дожд и грмотевиците, публиката на стадионот „Експлорија“ трпеливо го чекаше сигналот на првиот судија и двете екипи се обидоа да покажат квалитетен фудбал.
Нападот на МЛС тимот беше импресивен – Златан Ибрахимовиќ, Карлос Вела и Луис Нани.
Вејн Руни делуваше малку зад нив, заедно со Алехандро Посуело.