Скандал ја тресе општина Кичево. Објавени се аудио снимки на Фејсбук од извесен профил Ел Чека, а од кои се сугерира дека актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари е во врска со вработена во општината, веројатно од неговиот кабинет.
Од Фејсбук профилот на Ел Чека се сугерира дека станува збор за гласот на Дехари кој ја повикува вработената да дојде до него, да му седне во скутот, а се слуша нешто како бакнеж. Според профилот, експлицитни се сексуалните алузии во разговорот меѓу Дехари и неговата вработена.
Описот вели дека Фатмир Дехари ја чека во неговата канцеларија неговата вработена и откако почнува да ја допира, доаѓа до бакнување.
-Девојките кои работат во општината треба да го прашаат градоначалникот пред да си одат, но ниту градоначалникот не ги прашува. Директно ги бакнува, се наведува во описот на видеото.
Се алудира дека бара на вработената да се заврти за да ја погледне подобро, обраќајќи ѝ се со зборовите „свиња бе“.
Ова однесување кон вработените во општината е неприфатливо и недозволиво!
Според текстот во видеото, еве што вели Декари: „Дојди мори жено на бившиот директор. Влези еднаш со овој стил. Кога ќе ми се вратиш на работа? Во вторник следната недела?
Мрдни ајде не се криви сега. Направи некое движење. Свиња таа“.
Описот на ова видео вели дека во работно време, во општинската зграда, во канцеларијата на градоначалникот на Кичево, се случуваат овие скандали.
„Епа кичевскиот Дон Жуан, благодарение на своето богатство и власт, успеал да прави вакви недолични постапки во општинската зграда“, пишува таму.
Во работно време, во општинските канцеларии се случува ова, пишува во описот на следното видео.
-Фатмир Дехари им бара на вработените во општината да му праќаат фотографии од дома, пред спиење, да види како им стои долната облека. Па им вели „Му останал умот кај фотографијата која му ја испратила вчера“, пишува на профилот.
„Ми прати добра слика вчера, месечино моја“, вели Дехари.
Девојката: Која фотографија? Со пижамите?