Десет минути пред да исчезне от радарите на скопскиот аеродром, пилотот на „цесната“ соопштил дека ги андминал проблемите со турбуленцијата.

Тоа станува јасно од записот на разговорот меѓу пилотот и контролата на летање.

– Делта-Индија-Браво дали сте уште во турбуленција?
– Веќе не, излеговме од облаците, има разведрување, имаме видливост, се обидуваме да избегнеме еден голем облак одговорил пилотот.

Ова е снимката од нивниот разговор, која на моменти е прилично нејасна.

Инаку, бугарските медиуми пренесуваат дека пилотот имал дозвола да слета на аеродромот во Скопје, со што се негираат информациите дека проблем било што скопскиот аеродром е затворен од безбедносни причини заради заминување на грчкиот премиер Ципрас и грчката делегација која вчера беше во Скопје.

Засега, како вистинита се смета опцијата дека пилотот добил дозвола да слета во Скопје, но по кратко време самиот решил да продолжи кон Софија.