Ретка средновековна монета – златен денар, што му припаѓал на пророкот Мухамед, е ставен на аукција во Лондон.

Паричката датира од 732 година. Почетната цена е 1,6 милиони фунти, а наддавањето е закажано за 24 октомври.

Во светот денес има само десетина такви монети, од кои повеќето се наоѓаат во приватни колекции или во музеи.

– Оваа паричка е прекрасна. Таа е не само совршено зачувана, но и неверојатно ретка. Важен историски документ, вели стручњакот за исламски монети Стивен Лојд.

Златото од кое е направен денарот, е добиено од рудник близу Мека, Саудиска Арабија, што се обработува и денес.

Во септември, во Лондон беше продадена една друга ретка монета. На бронзеното пени е исклесан профилот на англискиот крал Едвард Осми. Крајната понуда за оваа паричка беше 133.000 фунти, што беше двојно повисока од почетната цена.