Антонио МИЛОШОСКИ

До Италија со пасош Република Македонија

Еве во каков ризик и понижување Бујар, Маричиќ и Талат ги турнаа македонските државјани кои неодложно мораат да патуваат во странство. Од слободно движење низ цела Европа, денес нашите луѓе се принудени по граници да се протнуваат како маргиналци кои, напуштени од својата држава, се молат за малку среќа за да поминат од другата страна!

Човеков е од Дебарско, кој заради семејна лоша вест морал од Италија да дојде дома. Потоа, за да не ја изгуби работата, мора да оди назад во Италија, иако бил свесен дека тоа го прави на ризик:

1. Со лична карта со име РС Македонија влегол во Република Србија

2. Потоа со неговиот валиден пасош издаден со име Република Македонија без проблеми влегол во Република Хрватска и

3. бидејќи Италија, Словенија и Хрватска се во “Шенген зоната”, без дополнителни контроли стигнал до Венеција, каде што е вработен и има постојан престој!

Да стигнеш од Македонија до Италија, пред ДУИ и СДСМ беше нормална вест. Денес, со несреќиве Бујар, Маричиќ и Талат, тоа стана патен ризик, кој доколку го поминеш, е повод за семејно радување и среќа.
Какво дно од неспособна влада!