Изборот за претседател на државата во Собрание не е услов за формирање идна владина коалиција, туку предлог, идеја за која бараме да се дискутира и да се отвори поширока општествена дебата, вели претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

Тој во гостувањето на Дневникот на Сител, посочува дека предлогот да се воведе позиција заменик претседател на државата не е негова туку на Али Ахмети од ДУИ. Во однос на предлогот за избор на шеф на државата во Собранието, Таравари посочува на примерот со изборот на првиот претседеател на Република Македонија 1990, 1991 година Киро Глигооров во Парламентот, за што смета дека е порационален начин на избор и поекономичен.

-Идејата наша не беше да се условува. Јас не кажав двотретинско мнозинство кажав обично мнозинство со 61 глас. Но сериозно треба да размислиме за ова. Претседателот на државата во Македонија нема некои ингеренции повеќе отколку во други држави слични како Македонија и во кои претседателот се избира во Парламентот. Зошто не би размислувале и зошто не би отвориле една дебата меѓу нас. Многу работи има кои не функционираат во државата. Ние сите сме свесни дека не оди како што треба. Многу работи за кои имаме спротивсатавнеи мислења добро е низ дебати да ги дискутираме помеѓу нас, повторно тоа што е најдобро за граѓаните, за државата така би одлучиле. Ова не е условување од мене како претседателски кандидат туку идеја која што ја предлагам и барам, и сакам да отвориме дебата меѓу кандидатите, меѓутоа и другите политички партии, вели Таравари.

Тој  е дециден дека во неговиот говор не спомнал дека ова е услов за формирање идна владина коалиција.

– Не, во мојот говор тоа воопшто не беше спомнато тоа условување, туку кажавме дека ако отвориме веќе промени во Уставот, освен што бугарското и другите малцинства треба да се додадат, што е услов за започнување со преговорите, реков дека е добро да се повлече и 20 отсто од Уставот за албанскиот јазик  и трето да се отвори дебата и дискусија за евентуален избор на претседател на дравата, како што се случи во 90-те години кога беше избран првиот претсетаел на Република Македонија, подвлекува Таравари.

Тој смета дека тоа што најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ веќе го одбија предлогот за избор на претседател во Собрание, се должи на нивната емотивна реакција.

-Јас мислам дека ова е повеќе емотивна, афективна реакција отколку што е рационално расудување од поголемите партии од македонскиот блок. Мислам дека оваа тема треба да се разговара и меѓу експертите и да се отвори една поширока општествена дебата и да дојдеме до тоа што е подобро за граѓаните и државата, вели Таравари.

Прашан за расколот во Алијанса на Албанците, дали можеби станува збор за игра со оглед дека по јавно разменетите жестоки зборови со Зијадин Села седнале и се договориле околу просториите на партијата, вели дека не станува збор за игра туку за спротивставени ставови за тоа како да настапат како партија на претстојните избори.

-Точно е дека пред повеќе од две недели се видовме (со Села). Видовме дека не можеме да се усогласиме. Тој инсистирапше да оди сам на избори, јас инсистирав за да го вратиме кредибилетот на партијата не кај членството, туку кај гласачите и симпатизерите на АА. Ние би ги добиле истиот број партеници ако одиме сами и со опозиција. Ако одиме сами на избори  ДУИ победува, ако одиме со опозицијата имаме реални шанси и веќе анкетите покажуваат дека сме пред ДУИ. Така што треба да дадеме шанса на граѓаниот еднаш после 22 години да се случи таа ротација во албанскиот блок, вели Таравари.

За тоа дали е подготвен да понесе одговорност, да се повлече од функцијата доколку не успее да влезе во вториот круг од претседателските избори, што е и негова цел, Таравари вели не планира такво нешто, но би требало да се размисли.

-Само една година сум претседател на партија и уште една година сум градоначалник на Гостивар. Не планирам, меѓутоа лош резултат секако дека би требало да се размислува за сите опции, вели лидерот на АА  Арбен Таравари.

Фото: МИА Архива