Лондонската полиција интервенираше по повик кај облакодерот „Шард”, откако е забележан човек како се обидува да ја искачи официјално највисоката зграда во Лондон и во цела Западна Европа.

Непознатиот маж е фатен на камерите без безбедносен појас, близу врвот на 95-катницата, која е висока 1.017 стапки, односно околу 310 метри.

Претставникот на полицијата, Дејвид Кевин Вилијамс изјави дека полицајците тогаш го принудиле авантуристот да влезе во зградата. Нема податоци за тоа дали тој е уапсен.

– Мажот стигнал до врвот и сега е на распит во полиција, рече Вилијамс.