Авганистанските сили, со поддршката од САД, убиле двајца високо рангирани талибански команданти и уште најмалку 38 бунтовници во заедничките воздушни напади во северните и западните региони на Авганистан, потврдија официјални претставници на власта, пренесуваат западните агенции .
Операциите, што биле почнати вчеравечер, биле изведени за да се спречи планиран напад на талибанците врз авганистанските сили, изјави висок претставник на безбедносните служби во Кабул, додавајќи дека судирите ескалирале по колапсот на дипломатските преговори меѓу САД и талибанците до Доха, пренесоа британските медиуми.
Министерството за одбрана соопшти дека е убиен талибанскиот командант на северната провинција Саманган, заедно со четворица други борци, иако талибанците тоа го негираат.
Во одвоен напад е убиен и талибанскиот командант за округот Анар Дара, заедно со, како што се наведува, 34 негови соборци.