„Ер Франс-КЛМ“ минатата година изгуби 7,1 милијарди евра поради последиците од пандемијата на коронавирусот.

Според француско-холандската групација, компанијата изгуби две третини од своите клиенти поради пандемијата, а прометот опадна за 59 отсто во споредба со 2019 година на 11,1 милијарди евра.

Компанијата предупреди дека првиот квартал од 2021 година ќе биде „тежок“ и дека заздравувањето ќе биде „ограничено“, иако очекува заживување на сообраќајот во вториот и третиот квартал благодарение на вакцините.

Групата претрпе голема загуба од 595 милиони евра поради авансно купување керозин, што е вообичаено за подобро планирање на трошоците на компанијата.

„Ер Франс-КЛМ“ минатата година исто така загуби 67,3 проценти од патниците во споредба со 2019 година.