Авион Ербас А319 на германската авиокомпанија Луфтхазна, кој леташе од Минхен кон Анкара, ноќеска во 23:04 часот принудно слета на аеродромот Никола Тесла во Белград.
Принудното слетување на авионот е поради патничка на која за време на летот и се слошило и не се чувствувала добро.
Дежурните екипи на белградскиот аеродром реагирале во согласност со предвидените процедури, а 77 патници и пет членови на екипажот, поради истекот на работното време на екипажот, ќе преноќат во хотел во Белград, соопшти прес службата на белградскиот аеродром.