Таинствената Група Билдерберг и оваа година се среќава на годишен состанок, овој пат во Торино, Италија. Состанокот почнува утре и ќе трае до 10 јуни, а на него ќе учествуваат околу 130 политичари, бизнисмени, познати новинари, банкари од 23 земји.

Објавен е дневниот ред за состанокот, како и гостите, а меѓу нив се и две познати имиња од Балканот – Ана Брнабиќ, премиерката на Србија, и Киријакос Мицотакис, лидерот на грчката опозициска Нова демократија.

Меѓу имињата кои се наоѓаат на листата на учесници во Торино, се и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Хенри Кисинџер е редовен учесник, потоа премиерот на Холандија, Марк Руте (инаку основачкиот состанок на Групата е одржан во 1954 токму во Холандија). Францускиот бизнисмен Анри де Кастри ќе претседава со состанкот а тој е и на чело на управувачкиот комитет, директори на Голдман Сакс, на Рајанер, Ербас, компанијата Коч, Банката на Англија, Дејвид Петреус, поранешниот шеф на ЦИА, директорот на Аксел Спрингер, главниот уредник на „Ел паис“…

Веб страницата на Билдерберг информира дека теми ќе бидат:популизмот во Европа, предизвикот со неднаквоста, вештачка интелигенција, САД пред изборите за Сенатот и Конгресот, слободната трговија и американското светско лидерство, и секако Русија. Ништо повеќе од оваа информација не се дава.

Британскиот новинар Тони Гослинг, кој е еден од светските ноинари кој најдлабоко истражувал за активностите на Групата, вели дека за да се разбере агендата на Билдерберг, треба таа соодветно и да се преведе.

„Кога се зборува за популизмот во Европа тој се преведува како „кршење на реакцијата на нашата тоталитарна ЕУ“, предизвиците со неднаквоста се „да се извиниме за уништувањето на животите на сриомашните“, слободна трговија е „да се биде зависен од увозна храна и енергија“, а Русија би значело „не можеме да ги тепаме во директен конфликт, има некоја валкана идеја како да се собори Путин“?

За Гослинг е особено важно да се обрне нимание што на состанокот ќе има најмалку три извршни директори на Гугл. „Оваа година изгледа како маркетиншки фестивал за нивните нови Тројански коњи системи за предвидување криминали, што веќе беше случај со тајната операција за злоупотреба на деца во британскиот офис за внатрешни работи “, истакнува Гослинг.

Инаку особено важно прашање кое ќе се најде на дневниоот ред се и Саудиска Арабија и Иран, при што треба да се каже дека францускиот претседател Емануел Макрон предупреди денеска дека случувањата околу Иран можат да предизвикаат трета светска војна.