Воздрушниот простор над Сингапур ќе биде затворен за време на самиотот меѓу САД и Северна Кореја следната недела, пренесува Ројтерс.

Оваа југоисточна азиска држава која на 12 јуни ќе биде местото на историската средба меѓу американскиот претседател Доналд Трам и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, ги засили мерките за безбедност ширум целата територија.

Во предупредувањето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство и Администрацијата на федералното воздухопловство, наведено е дека воздушниот простор на Сингапур ќе биде затворен на 11,12 и 13 јуни.