Јужнокорејската противпожарна служба соопшти дека 96 лица загинале во авионска несреќа во јужна Јужна Кореја, откако патнички авион утринава излета од пистата на меѓународниот аеродром Муан, Јужна Кореја.

Во авионот имало 181 лице – 175 патници и шест членови на екипажот.

Авионот „Боинг 737-800“ на јужнокорејската авиокомпанија „Чеџу ер“ (Jeju Air) се урна при слетувањето oколу 9 часот по локално време. Авионот летал од Бангкок.

Противпожарната служба соопшти дека несреќата најверојатно била предизвикана од удар на птици во комбинација со лоши временски услови.