Казахстанските медиуми соопштија дека 32 лица го преживеале падот падот на патничкиот авион во близина на Актау, додека 35 загинале.
Казахстанското Министерство за транспорт соопшти дека во авионот имало државјани на пет земји – 37 Азербејџанци, шест државјани на Казахстан, тројца државјани на Киргистан и 16 Руси.
Руската агенција за надзор на воздушниот сообраќај информира дека првичните податоци покажуваат дека пилотот се одлучил за принудно слетување откако авионот удрил во птица.
Авионската несреќа се случи утрово, кога авион на Азербејџан ерлајнс летал од Баку кон Грозни, но бил пренасочен поради магла во Чеченија. Наместо тоа, бил принуден на итно слетување на три километри од Актау, западен Казахстан.
Руски медиуми тврдат дека авионот не можел да слета во рускиот град Грозни поради напад на украински дрон. Пилотот го пренасочил летот кон градот Махачкала, административен центар на соседната Дагестанска област, но, според руските медиуми, маглата го спречила да слета таму, пренесува Анадолија.
На крајот побарал дозвола да слета во Актау, казахстански град на Каспиското Море. Несреќата се случила на неколку километри од аеродромот во Актау.
Казахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токаев нареди истрага за несреќата, а азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ја прекина посетата на Санкт Петербург, Русија, за да се врати во Баку по инцидентот. Рускиот претседател Владимир Путин му изрази длабоко сочувство на претседателот на Азербејџан.
Први вести од медиумите
Министерството за вонредни ситуации на Казахстан соопшти дека 27 лица ја преживеале несреќата, од кои најмалку 22 се пренесени во болница. Според Министерството, загинале најмалку 40 лица. Службите за итни случаи известија дека урнатиот авион е на Азербејџан ерлајнс. Според државната агенција Казинформ, авионот летал од Баку за Грозни.
Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ што се урна во близина на казахстанскиот град Актау, превезувал 105 патници и пет членови на екипажот.
Азербејџан ерлајнс објави дека Ембраер 190 летал од главниот град на Азербејџан Баку до Грозни, главниот град на руска Чеченија, но бил пренасочен кон Актау поради густа магла.
Властите во Казахстан соопштија дека почнале да истражуваат различни можни верзии за тоа што се случило, вклучително и технички проблеми.
Во меѓувреме на социјалните мрежи се појавија драматични снимки од тоа како се вадат живи патници од авионот.
Меѓу преживеаните и три деца, од местото на несреќата досега се извлечени 4 тела
Казахстанските власти соопштија дека 28 лица го преживеале падот на патничкиот авион во близина на Актау, меѓу кои и три деца. Се верува дека 39 лица загинаа во несреќата.
Казахстанското Министерство за транспорт соопшти дека во авионот имало државјани на пет земји – 37 Азербејџанци, шест државјани на Казахстан, тројца државјани на Киргистан и 16 Руси.
Според Министерството за вонредни ситуации на Казахстан, од местото на несреќата досега се извлечени четири тела.
Руската агенција за надзор на воздушниот сообраќај информира дека првичните податоци покажуваат дека пилотот се одлучил за принудно слетување откако авионот удрил во птица.
Авионската несреќа се случи утрово, кога авион на Азербејџан ерлајнс летал од Баку кон Грозни, но бил пренасочен поради магла во Чеченија. Наместо тоа, бил принуден на итно слетување на три километри од Актау, западен Казахстан.
Руски медиуми тврдат дека авионот не можел да слета во рускиот град Грозни поради напад на украински дрон. Пилотот го пренасочил летот кон градот Махачкала, административен центар на соседната Дагестанска област, но, според руските медиуми, маглата го спречила да слета таму, пренесува Анадолија.
На крајот побарал дозвола да слета во Актау, казахстански град на Каспиското Море. Несреќата се случила на неколку километри од аеродромот во Актау.
Казахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токаев нареди истрага за несреќата, а азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ја прекина посетата на Санкт Петербург, Русија, за да се врати во Баку по инцидентот.