Мал авион се урна на автопат во американскиот град Бока Ратон, Флорида, при што загинаа најмалку три лица, јавуваат локалните медиуми.

Очевидци изјавиле дека непосредно пред несреќата чуле силен звук од авион кој летал многу ниско. Во пренос во живо од местото на несреќата се гледаат остатоците од авионот и запален автомобил во близина на ударот.

Според надлежните, пилотот на авионот Cessna 310R пријавил „механички проблеми“ додека се обидувал да слета на локалниот аеродром. Податоците од летот покажуваат дека авионот неколку пати кружел веднаш по полетувањето од аеродромот во Бока Ратон.

Полицијата ги повика граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот. Затворени се две автопатски линии и надвозник во близина на местото на падот. Остатоци од авионот се расфрлани по коловозот и блиската железничка линија.

фото: принтскрин