Авион на комерцијален лет на танзаниската компанија „Precision Air“ се урна во езерото Викторија во Танзанија.
Од компанијата истакнуваат дека во тек е спасувачка акција.
Портпаролот на авиокомпанијата за Си-Ен-Ен изјавил дека авионот се урнал во најфолемото африканско езеро во близина на аеродромот Букоба.
Засега не е објавено колку патници имало во авионот.
Претседателт на Танзанија повика на смиреност додека спасувачите се на лице место.
-Со тага ја примив веста за падот на авионот. Упатувам сочувство со сите кои се погодени со овој инцидент. Да бидеме мирни додека спасувањето е во тек и да се молиме на Бог да ни помогне, напиша Самоа Сулуху.
Видеото може да го отворите ТУКА.
