Новооткриен вид муви од Западна Австралија го доби своето име по негативец од серијата „Игра на престоли“ – ноќниот крал.
Парамоновиус ноќниот крал се појавува зиме, има круна од влакна и за него се знае од 2012 година, нагласуваат истражувачите. Бубачката е долга околу сантиметар и може да се сретне зиме во мала област на западот од континентот.
Во Австралија лани официјално се именувани околу 230 нови видови.
Парамоновиус ноќниот крал е од оние муви кои личат на пчели и имаат одбранбен систем против своите грабливци – птиците.