Второрангираната тенисерка во светот Симоне Халеп, обезбеди пласман во четвртфиналето на Австралија Опен, откако со пресврт ја совлада Ига Свјонтек со 3-6, 6-1, 6-4 и стигна до својата 100-та победа во кариерата.
Халеп во следната рунда ќе игра против Серена Вилијамс, која, исто така во три сета 4-6, 6-2, 6-4 ја совлада Арина Сабаленка.
– Среќна сум што ја минав оваа пречка. Не беше нималку лесно, но знаев дека нема да биде лесно, изјави Вилијамс по елиминацијата на белоруската тенисерка.
Пласман во четвртфиналето на првиот грен-слем турнир сезонава обезбедија кај дамите и Су – Веи Хсије и Наоми Осака.