Следниот тренер, кој ќе добие отказ во Премиер лигата, според англиските обложувалници, е стратегот на актуелниот првак Ливерпул, Јирген Клоп, објави денеска лондонскиот весник „Сан“.

Шпекулациите околу можна смена на германскиот тренер се интензивираа по саботниот пораз на Ливерпул од Лестер со 3:1.

Според обложувалниците на Островот, зад Клоп со најголеми шанси за отказ се Рој Хоџсон, Жозе Мурињо, Стив Брус, Скот Паркер и Сем Алардајс.

Весникот „Сан“ сепак, наведува дека клупското раководство на Ливерпул, во овој момент, воопшто не размислува за смена на Клоп, кој минатата сезона му ја донесе првата шампионска титула на клубот по тридецениски пост.