Голема жештина денеска го погоди југо-истокот на Австралија поради големите пожари што беснеат недалеку од градот Аделаида.

Британските медиуми пренесуваат дека голем број луѓе се засолнуваат на блиските плажи, а шест авиони Канадери и пожарникарски екипи се борат против пожарот околу Аделаида, каде досега се уништени или оштетени две куќи.

-Има уште работа пред пожарот да го ставиме под контрола, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.

„Добро е што немаше ветар, иако беше најавуван“, рече Ивет Даулинг, заменик началник на противпожарната служба во Јужна Австралија.