Мажот кој се закануваше со бомба на меѓународниот аеродром во Брисбејн е упасен, соопшти полицијата на австралиската држава Квинсленд.
Од полицијата додаваат дека никој не е повреден, пренесува АП.
Меѓународниот аеродром во Брисбејн беше евакуиран и запрен беше сообраќајот на возовите кои одат до терминалот по што полицијата прогласи вонредна состојба поради тврдење на очевидци дека има маж кој носи бомба, пренесе локалниот весник Брисбејн тајмс.
Се наведува дека припадниците на федералната полиција и полицијата на Квинсленд се присутни на местото на инцидентот.
– Во овој момент немаме повеќе информации, наведено е во соопштението на полицијата.